Гвардиола има предност од 3:0, но се уплашил од Баерн пред реваншот

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола повикува на претпазливост пред реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампиони против Баерн Минхен. Гвардиола пред да дојде во Сити, беше на чело на Баерн Минхен и многу добро ја познава силата на германскиот гигант.

Малку чудно но Гвардиола смета дека инцидентот што се случи меѓу Лерој Сане и Садио Мане може да биде предност за германскиот тим.

„Тоа за нив нема да биде недостаток. Би рекол дека дури тоа ќе биде нивна предност. Совршено го познавам тој тим. Фудбалерите на Баерн ќе играат над своите можности. Со повеќе од 100 отсто, како да е финале. Знам што зборувам. Тоа е врвен тим. Што се однесува до инцидентот во соблекувалната на Баерн, понекогаш тоа е потребно за работите да тргнат на подобро“, рече Гвардиола пред дуелот кој е закажан за в среда на „Алијанц Арена“.

Гвардиола беше на чело на Баерн Минхен во периодот од 2013 до 2016 година и навистина многу добро ја познава целата структура и поставеност во најтрофејниот германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести