Гвардиола има разбирање за Чави: Во Англија стопати е полесно да се биде тренер отколку во Барселона

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, ја разбира одлуката на тренерот на Барселона, Чави Ернандес, да си замине на крајот од сезоната.

На прашањето да ја коментира одлуката на Чави, Гвардиола го спореди притисокот при водење на тим во Премиер лигата со Барселона.

„Тоа не може да се споредува и тоа го зборувам од сопствено искуство. Во Барселона е стопати поголем, имате шест прес-конференции неделно, голем број натпревари. Притисокот што го чувствувате како тренер на Барселона не може да се споредува со ништо“, изјави Гвардиола.

Гвардиола, кој се смета за еден од најдобрите тренери во историјата на Барселона, го напушти „Камп ноу“ поради преголемиот притисок со кој се соочуваше, а сега во идентична ситуација се наоѓа Чави, кој на прес-конференцијата на која објави дека на крајот од сезоната ќе се повлече ги обвини медиумите дека се највиновни за неговата одлука.

 

- Оглас -

Најнови вести