Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е речиси помирен дека неговиот тим ќе биде елиминиран во плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Англискиот првак на свој терен загуби со 2:3 од Реал Мадрид, a в среда на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го игра реваншот против шпанскиот гигант.
Гвардиола едноставно е реален и вели дека неговиот тим има само еден отсто шанси да оди во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Имаше премногу натпревари кои не ги одигравме на нивото на кое сакавме и на крајот загубивме“. И ова не е ограничено само на загубените три бода, туку и на начинот на којшто овие загуби влијаеја на нашиот менталитет за следниот натпревар. Тоа се случи многупати. Секако, победата против Њукасл ни помага, но слушајте, шансата за победа на Бернабеу од оваа позиција е околу 1%. Можеби процентот е малку поинаков, но секако е минимален. Сите го знаат ова. Но, секако ќе се трудиме додека имаме шанса. Реалноста е дека оваа сезона бевме многу слаби во однос на перформансите и резултатите. Многу далеку од нашето ниво. На последниот меч против Њукасл одигравме навистина добро, но еден натпревар нема да го промени моето мислење и реалноста. Секако, ќе одиме во Мадрид да се бориме“, рече Гвардиола.
Интересно е дека само пред три сезони Реал Мадрид и Манчестер сити играа во полуфиналето кога на „Сантијаго Бернабеу“ на Кралевите им даваа само еден отсто шанса да оди во финалето. Шпанскиот тим тогаш напрви чудо и со двата гола на Родриго во 90-тата минута и 90+1 минута се избори за продолжение, а таму гол даде Бензема од пенал и Реал се најде во финалето, а потоа и го освои трофејот во ЛШ.