Менаџерот Пеп Гвардиола верува дека Манчестер сити сè уште има шанса да ја спаси сезоната, со триумф во ФА купот на Англија.
Граѓаните треба да минат две пречки на „Вембли“ за да стигнат до трофејот, а првата од нив е напријатното изненадување оваа сезона сезона, тимот на Нотингем Форест.
„Нашата цел е прво да стигнеме до финалето. Имавме тешки моменти оваа сезона, не сме на нивото на кое сме навикнале. Но, ако го освоиме ФА Купот, ќе можеме да кажеме дека сме ја спасиле. Знам дека сите судат според Премиер лигата, но ФА купот ни дава шанса да завршиме со високо кренати глави. Сè е во наши раце. Имаме шанса третпат по ред да играме финале, а јас навистина се надевам дека ќе ја искористиме“, изјави стратегот на Сити, полн со оптимизам.
Мечот меѓу Манчестер сити и Нотингем Форест е закажан за утре, а денеска се игра првата полуфинална пресметка меѓу Астон Вила и Кристал Палас.