Гвардиола: Интер е тим кој може да те уништи

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е внимателен и ги предупредува своите фудбалери дека финалето од Лигата на шампиони против Интер може да биде многу тешко. Граѓаните се фаворити за победа, но Гвардиола знае дека ништо не се знае.

„Сон е да се освои Лигата на шампиони. За да се постигне нешто такво потребно е желба за победа и да нема предавање. Ова е меч во кој нема значење дали сте фаворити или не. Ако се погледне историјата, Интер е поголем клуб, но и тоа не е важно. Играта на теренот ќе одлучи кој ќе биде првак. Интер е тим кој може да те нападне по средината, може да бидат офанзивни по крилјата. Тешко може да се контролираат. Ако стигнат до ситуација еден на еден, може да те уништат“, вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести