14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Гвардиола искрен: „Жал ми е за оние кои не ги сакаат, вистинско уживање е да ги гледаш“

Пеп Гвардиола е вистинска легенда на Барселона и како играч и како тренер, а и самиот признава дека е голем навивач на Каталонците и ги следи сите нивни натпревари. Сега беше запрашан да ја анализира играта на Барселона, а одговорот беше интересен.

„Кога и да ја гледам Барселона, знам дека ќе се забавувам. Да ги гледаш е многу возбудливо бидејќи играат неверојатно храбро. Не сакам да давам совети, но луѓето секогаш ќе зборуваат дека проблемот на Барселона е одбраната и дека тоа мора да се промени. Сепак, би им порачал да не менуваат ништо. Треба да продолжат како и досега. Природно е со текот на времето противникот да најде начин како да ве загрози. Тоа е и суштината на оваа игра. Противниците нема секогаш да играат на ист начин и ќе се прилагодат на вас. Ханси треба да го пронајде одговорот за тоа. Не се работи за промена на планот, туку за додавање детали кои ќе го спречат противникот да ги искористи вашите слабости. Споредба помеѓу мојот и стилот на Ханси? Идејата на Кројф беше да се постигне погодок повеќе од противникот, со неверојатна контрола на топката. Мислам дека Ханси внесе дополнителна свежина во овој концепт. Се трудам да направам анализа на Барселона. Гледам како се бранат, како функционира сето тоа. Сè што прават се случува многу брзо. Начинот на којшто играат за мене е восхитувачки. Како навивач на Барселона, жал ми е за оние кои не го сакаат овој тим бидејќи е вистинско задоволство да ги гледаш“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести