Гвардиола итно опериран, нема да го води Сити во следниот период

Англискиот првак Манчестер сити во следниот период ќе биде без својот тренер Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег итно заминал во Барселона, каде што бил опериран, соопштија од Манчестер сити.

Се работи за рутинска операција на грбот која морало да биде направена откако Гвардиола подолго време се жалел на болки.

„Тренерот на Манчестер сити во последно време патеше од силни болки во грбот и затоа замина во Барселона на итна операција“, стои во соопштението на клубот.

Во следниот период Гвардиола ќе биде во Барселона, а на клупските обврски во Сити ќе се врати по завршување на паузата поради репрезентативните дуели. Пеп нема да биде на клупата на Сити на гостувањето кај Шефилд јунајтед и дома против Фулам.

- Оглас -

Најнови вести