Гвардиола изби на третото место меѓу тренерите по број на победи во ЛШ

Шпанскиот стручњак, Пеп Гвардиола, вечерва по 137-ми пат водеше тим во Лигата на шампионите, и дојде до 87-мата победа, со што стана третиот најуспешен тренер по бројот на победи во ЛШ. Гвардиола благодарение на победата на Манчестер сити над Лајпциг од 6-3, го надмина Арсен Венгер, и го виде својот најефикасен европски меч во кариерата.

Повеќе победи од Гвардиола имаат само двајца тренери: Карло Анчелоти со 90 и Алекс Фергусон со 102. Анчелоти уште е активен, се врати во ЛШ, вечерва со Реал Мадрид дојде до јубилејна победа во ЛШ, и заедно со Гвардиола ќе се обидат до крајот на сезонава да се доближат до рекордот на славниот Ферги, а Анчелоти можеби и да го надмине, ако има перфектна сезона.

- Оглас -

Најнови вести