На помалку од две недели пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, направи промена на изгледот што веднаш стана жешка тема меѓу навивачите на Сити.
Гвардиола реши да експериментира и веќе ја нема препознатливата брада, но има мустаќи.
Реакциите на социјалните мрежи не изостанаа. Навивачите се воодушевени, а многумина го гледаат неговиот нов изглед како знак на претстојна доминација.
„Плашете се, Пеп официјално се врати“, „Премиер лигата сега треба да се тресе“, „Ова ќе биде најдобрата сезона во неговата кариера“, „Лигата не е подготвена за ќелав Гвардиола со мустаќи“, „Следна е тројната круна“, се дел од коментарите.