Манчестер сити одигра само 0:0 против Саутемптон во меч од петтото коло од Премиер лигата. Иако сите предвреме им ги впишаа трите бода на „граѓаните“, сепак, тие не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, а нивниот тренер Пеп Гвардиола ја најде причината за неуспехот.
„Ние имавме само 10 минути одмор, додека Саутемптон немаше обврски цела недела. Знаеме дека Премиер лигата има 38 натпревари, и дека има седум дена простор меѓу нив, но, тоа не е така за тимовите кои што играат во Лигата на шампионите. Би сакал да имаме поголем простор за одмор, бидејќи како што можевте да видите тоа се одрази врз играчите“ изјави шпанскиот стратег.
По 5 одиграни кола во Англија, тимот од Манчестер има освоено 10 бодови и во моментов е на четвртотто место.