Манчестер сити има сезона која не е според посакувањата на тренерот Пеп Гвардиола, барем засега. Иако Сити не е во пол-позиција за освојување на титулата во Премиер лигата и заостанува дури девет бодови зад лидерот Арсенал, тренерот на Граѓаните не се предава.
„Се надевам дека ќе можеме да освоиме многу бодови до крајот на сезоната. Ситуацијата во која се наоѓаме во Премиер лигата бара од нас да освоиме секој бод што можеме. Инаку, не можеме да продолжиме да се бориме до крајот. Не бевме доволно константни оваа сезона. Изгубивме бодови што можевме да ги освоиме и затоа сега сме во позиција каде што не можеме да си дозволиме да правиме грешки. Мора да победиме на секој натпревар до крајот на сезоната“, рече Гвардиола.
Оваа мисија на Гвардиола делува како невозможна, а првиот предизвик на Сити е дуелот против Челзи на гости во Лондон.

