Гвардиола: Ќе гледам фудбал до последниот ден од животот

Менаџерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола е убеден дека нема уште многу долго да биде тренер, туку дека планира порано да оди во пензија. Шпанскит стратег направи споредба со Рој Хоџсон кој е менаџер на Кристал Палас и е најстар тренер во Премиер лигата.

„Не се гледам себе си како тренер на 71 година. Ви повторувам, нема шанса. Ќе се пензионирам многу порано од тоа. Сакам само уште неколку години да се наследувам на оваа професија. Си ја сакам работата и работам со специјална енергија. На 71 година сигурно нема да ја имам таа енергија. Сепак, нема да се откажам од фудбалот и ќе гледам фудбал до крајот на животот“, рече Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести