Гвардиола ќе ја спасува трката за титулата со засилување од Челзи?

Манчестер сити делуваше доминантно од самиот старт на сезоната во Премиер лигата. „Граѓаните“ беа лидери, играа одлично и победуваа убедливо. Сепак, во последните неколку меча, работите се свртеа. Шампионот загуби два меча во низа, падна на третото место на табелата и сега заостанува седум бода зад Ливерпул.

Како една од главните причини за падот во играта на Сити, се наведува повредата на Фернандињо. Без овој играч од средниот ред, „граѓаните“ се ранливи, а тоа се покажа и на теренот. Манчестер во следното коло гостува кај Саутемптон, а потоа го очекува и дерби против Ливерпул. Доколку Сити повторно киксира, тоа ќе биде и голем чекор назад во обидот да се одбрани тронот во Премиер лигата.

Гвардиола е во потрага по две засилувања. Сака играч од средниот ред, но и лев бек, бидејќи Менди се враќа дури во февруари. Како прва опција беше доведување на Де Јонг, но Холанѓанецот повеќе сака да игра во Барселона, отколку да замине во Премиер лигата.

Како опција е и играчот за врска на Лион, Хусем Оар, за кого се интересираат и Челзи и Арсенал. Сепак, проблем е тоа што Лион не сака да го пушти играчот пред завршување на сезоната, за кога одреди сума од 60 милиони евра.

Како трета и најверојатна опција би било да се доведе Сеск Фабрегас од Челзи. Шпанецот не игра во тимот од „Стемфорд Бриџ“ и Челзи би го продал во јануари, како би заработил некоја пара од неговото заминување. Доколку тоа не го стори, Фабрегас во летниот преоден рок ќе биде слободен играч. Оваа опција да се доведе Фабрегас од Челзи, потсетува на трансферот кој го направи Франк Лампард, кога легендата на Челзи заигра за Сити.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести