Гвардиола: Ќе направиме шпалир во чест на новиот шампион

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потврди дека играчите на Граѓаните на 2 јули ќе направат шпалир во чест на новиот премиерлигашки шампион Ливерпул. Овие двата тима в четврток вечер ќе играат меѓусебе на „Етихад”, а Сити кој беше првак во минатата сезона, сезонава беше декласиран во трката за трофејот. Ливерпул е првак на Англија после пауза од цели 30 години.

„Се разбира дека ќе направиме шампионски шпалир. Тие го заслужија” – рече Гвардиола кој има договор до 2021 година, а ФА купот и Лигата на шампионите му остануваат како титули за кои е во игра, за да не остане со празни раце.

Во претходните сезони, во чест на Граѓаните другите тимови правеа шпалир и им аплаудираа за титулите, а сега тие ќе бидат во улога на „потчинети“.

- Оглас -

Најнови вести