Гвардиола: “Клубовите мора да бидат свесни за тоа што го прави Саудиска Арабија“

Манчестер Сити во моментов е на турнеја во Јужна Кореја, а Пеп Гвардиола на една прес-конференција се осврна на големиот број на трансфери кои се реализираа од европски клубови од Саудиска Арабија, но и на трансферот на Ријад Марез кој си замина од составот на “граѓаните“.

– “Нема да бараме замена за Ријад според тоа како играч е тој, бидејќи секој играч е различен. Она што морам да го истакнам, Саудиска Арабија го промени пазарот на фудбалери. Пред неколку месеци кога Роналдо беше единствениот кој отиде таму, никој не очекуваше дека многу топ играчи ќе го направат истото. Во иднина ќе ги има уште повеќе и клубовите мора да бидат свесни за тоа.“ – рече Гвардиола.

Манчестер Сити за Ријад Марез доби обесштетување од 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести