Гвардиола: Кога ние бевме подобри, Реал даде гол, кога тие беа подобри, ние дадовме гол!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по ремито во Мадрид, даде интересна изјава.

„Кога ние бевме подобри, тие ни дадоа гол, а кога тие беа подобри, ние постигнавме гол. Тесен меч. Имаме финале пред наша публика. Реал е тим со многу искуство и квалитет, се враќаме дома и ќе видиме што може да направиме подобро. Не му беше лесно на Халанд, немаше простор меѓу централнте дефанзивци и бековите, но тој се движеше добро и имаше шанси“, изјави Гвардиола.

Инаку, Халанд беше играч со најмлаку контакти со топката и голманот Едерсон имаше повеќе додавања од него.

- Оглас -

Најнови вести