Гвардиола конечно го најде рецептот за успех во ЛШ, Манчестер сити е на три меча од историски потфат

Водството од 3-0 кое го има Манчестер сити против Реал Мадрид е доволно за пласман во финалето на Лигата на шампионите и Граѓаните остануваат во игра за тројна круна, нешто што од англиските клубови го има направено само Манчестер јунајтед во 1999 година.

Сити е на три меча од историја, му требаат победи над Јунајтед во финалето на ФА купот и над Интер во финалето на ЛШ, како и уште една победа во првенството за потврда на титулата во Премиер лигата.

Милијардите евра кои ги вложи клубот во изминатата деценија изгледа дури сезонава ќе дадат резултат. Ерлинг Халанд не блеска во полуфиналето против Реал, но тој е она што им фалеше во минатото за успеси.

- Оглас -

Најнови вести