Гвардиола конечно го прекина „проклетството“

Манчестер сити и Пеп Гвардиола конечно се дел од полуфиналето во Лигата на шампионите. Гвардиола во Сити дојде во 2016 година, а една од главните цели на сопствениците на Граѓаните беше шпанскиот тренер да го одведе тимот до титула во Лигата на шампионите.

Сепак, Сити не само што уште нема европска круна, туку во претходните четири сезони не успеа ниту еднаш да се пласира ниту во полуфиналето од Лигата на шампионите. Во првата сезона како тренер на Сити, Гвардиола и неговиот тим беа елиминирани од Монако во осминафиналето, кога по двомечот беше 6:6, но францускиот тим помина понатаму со повеќе погодоци дадени на гости.

Следната сезона Сити загуби на убедлив начин од Ливерпул со 5:1 во двомечот од четвртфиналето. Во сезоната 2018/19 Сити повторно стигна само до четвртфиналето, кога беше елиминиран од Тотенхем, и тоа повторно поради помалку дадени голови на гостински терен. Минатата сезона Граѓаните беа елиминирани од Олимпик Лион, кога во еден меч загубија со 1:3.

По пет години како тренер на Сити, Гвардиола вечерва направи чекор напред и го однесе Сити во полуфиналето. Следен предизвик за Гвардиола и Сити ќе биде двомечот против Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести