Гвардиола: Конечно, повторно го видов моќниот Манчестер сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, беше многу задоволен од настапот на својот тим против Јувентус на Светското клупско првенство. Граѓаните го декласираа противникот со 5-2, а Гвардиола призна дека неговиот тим одамна не одиграл толку квалитетно на еден натпревар.

„Ми се допадна начинот на кој ја остваривме оваа победа. Помина многу време откако последен пат имавме ваква партија – и со и без топка. Моите фудбалери беа целосно посветени и задоволни сме што го победивме овој врвен тим. Ова е само еден натпревар, но мислам дека играчите повторно почувствуваа што значи да се биде добар тим. Самодовербата произлегува од настапите, а не од минатото“, изјави шпанскиот стратег.

Во врска со враќањето на Родри во составот, Гвардиола рече:


„Многу ни недостигаше. Тој точно знае што да прави со топката. Не очекував да одигра толку многу минути, но ќе биде подготвен за следниот натпревар. Сите се претставија извонредно.“

- Оглас -

Најнови вести