7.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Гвардиола купува ѕвезда на Реал Мадрид

На „Етихад“ сериозно размислуваат за реконструкција на средниот ред, а големата желба на Пеп Гвардиола се „крие“ во Мадрид. Англискиот премиерлигаш е подготвен да влезе во конкретни преговори за еден од најталентираните играчи за врска на денешницата.

Станува збор за Едуардо Камавинга. Францускиот репрезентативец е означен како идеално долгорочно решение во средината на теренот, а интересот на Граѓаните наводно лично го одобрил Гвардиола.

Во Манчестер сити го гледаат како природен наследник на двајца клучни фудбалери од средниот ред кои играа цела декада, Илкај Гундоган, кој замина во Галатасарај, и Бернардо Силва, кој исто така најавува заминување.

Сепак, Сити нема да биде единствениот во трката. Сериозен интерес покажува и саудискиот гигант Ал-Итихад, кој е подготвен финансиски да одговори на барањата на Кралскиот клуб.

Ситуацијата дополнително ја компликува фактот што Камавинга наводно не е во долгорочните планови на новиот проект што се гради околу тренерот Алваро Арбелоа. Во Мадрид сметаат дека ова би можело да биде идеален момент за продажба, со цел да се избегне евентуален пад на неговата пазарна вредност следното лето.

Според информациите, за клубовите од Саудиска Арабија се бара сума од околу 120 милиони евра, додека европските клубови, вклучувајќи го и Манчестер сити, би можеле да поминат со околу 80 милиони евра, плус бонуси.

- Оглас -

Најнови вести