Гвардиола: Поразот на Ливерпул од Барселона нема да влијае на трката во Премиер лига

Ливерпул и Манчестер сити ја продолжуваат трката во походот за освојување на титулата во Премиер лигата. На ред е претпоследното коло, а Ливерпул прв ќе излезе на мегдан. Тимот на Јирген Клоп попладнево ќе гостува кај Њукасл, додека за утре е закажан дуелот меѓу Манчестер сити и Лестер.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола реши да зборува за двата меча кои следат, но не можеше, а да не го искоментира мечот на Ливерпул против Барселона на „Камп Ноу“.

“Не верувам дека поразот на Ливерпул од Барселона, може да има влијание во трката за титулата во Премиер лигата. Мислам дека тоа беше многу добар меч, а двата тима одиграа неверојатно добро. Ливерпул се покажа во добро светло. Се бореа до крајот. Сега за нив следи тежок меч против Њукасл, но и на нас нема да ни биде лесно против Лестер. Ќе видиме што че се случи, но ние сме подготвени за да го добиеме тој меч“, вели Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести