Ерлинг Халанд со два гола му донесе победа на Манчестер сити против Јанг бојс во Лигата на шампионите и со тоа Норвежанецот ја прекина црната низа од пет меча по ред во ЛШ на кои не даваше гол.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, застана во одбрана на својот голгетер, кој излезе од малата криза во која беше последните недели.
„Луѓето не сакаат Халанд да успее и очекуваат тој на секој меч да постигне по четири гола. Тоа не е реално. Жал ми е за нив, но тој уште долго ќе постигнува голови. Ерлинг е опасен за противниците и најважно, самиот создава шанси. Веќе даде многу голови во Премиер лигата, многу повеќе од играчи коишто добиваат повеќе комплименти од него“, изјави Гвардиола.