Со само три освоени бодови во последните четири кола од Премиер лигата, Манчестер сити не може да биде конкурентен во трката за титулата со Арсенал. За среќа на Граѓаните, во ова коло киксираа и Ливерпул и Арсенал, но тренерот Пеп Гвардиола е разочаран од играта која ја покажаа неговите избраници во дербито со градскиот ривал Манчестер јунајтед. На крајот, на „Олд Трафорд“ беше 2:0 за домаќинот, а Гвардиола открива која е причината за поразот на неговиот тим.
„Манчестер јунајтед имаше нешто што ние го немавме. Зборувам за енергијата, која многу ни недостасуваше. Таква енергија имавме пред три-четири дена на мечот против Њукасл. Дури и во претходните три меча кога одигравме нерешено против Брајтон, Челзи и Сандерленд, ја имавме таа енергија, но не и против Јунајтед. Не бевме на нивото за да победиме. Подобриот тим се радуваше, а ние мора да продолжиме напред и да се фокусираме на следните дуели“, реле Гвардиола.
Сити остана на 43 бодови и има седум помалку од лидерот Арсенал. Астон вила истотака има 43 бодови и денеска игра на свој терен во Бирмингем против Евертон, што значи дека има шанси да се приближи до лидерот Арсенал.

