Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, очекува дека трката за титулата во Премиер лигата ќе донесе уште многу драма, но потенцираше дека неговиот тим нема да се откаже од потерата по лидерот Арсенал. Граѓаните продолжија да вршат притисок врз водечкиот тим во лигата со победата од 2-1 над Њукасл на „Етихад“ во саботата.
Сепак, одговори и Арсенал, кој вчера го доби лондонското дерби со Тотенхем со 1-4 и сега повторно има пет бода предност пред Сити, но и еден натпревар повеќе.
„Кога завршивме 2-2 со Тотенхем, некој ме праша зошто не се откажеме од титулата и не се фокусираме само на куповите. Реков: „Не, зошто би го направиле тоа? Ајде да пробаме. Не знам што ќе се случи во иднина, но многу работи ќе се случат. Не знам за Арсенал, но чувствувам дека ние нема да ги победиме сите натпревари. Не очекуваат натпревари од ФА купот, Лигата на шампионите, финалето на Лига купот, интернационална пауза, многу натпревари, повреди… Знам едно, дека не се откажуваме и дека ќе сакаме да победиме во следниот натпревар. Манчестер сити никогаш нема да се откаже додека сум јас на клупата. Десет или единаесет натпревари се многу во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.

