Гвардиола: Меси за Аргентина е како Мајкл Џордан

Лионел Меси сезонава игра разочарувачки за ПСЖ, а капак на сè беа и бледите партии против Реал Мадрид. Аргентинецот во првата средба промаши пенал, додека во реваншот беше невидлив.

Но, и покрај ваквите партии, седумкратниот освојувач на Златната топка сè уште важи за еден од најдобрите на денешницата.

Некогашниот негов тренер, Пеп Гвардиола, за аргентинските медиуми даде видување за целата ситуација, а направи и интересна споредба.

„Само прашање на време е кога Меси ќе се врати во својата препознатлива форма. А според мене, Аргентина е еден од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство во Катар.

Меси за Аргентина е како Мајкл Џордан во кошарката, а сите знаеме каква величина е Џордан. Оваа селекција има одлично искомпониран тим и по освојувањето на Копа Америка, верувам дека амбициите им се зголемени“, изјави Гвардиола.

Меси оваа сезона за ПСЖ има 17 одиграни натпревари и има постигнато само два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести