Манчестер сити го пречекува Тотенхем во дербито на 26. коло во Премиер лигата. Сити е убедлив лидер во првенството со 63 бодови, додека Тотенхем има 36 бодови, но и три меча плус за доигрување.
Тотенхем е во лоша низа и загуби во последните три кола и ќе биде многу тешко оваа серија да биде прекинета на теренот на шампионот. Мотив за гостите е фактот дека на последните пет меѓусебни дуели, Тотенхем има три победи против Сити и тоа без примен гол.
Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола знае дека најголема опасност за неговиот тим е Хари Кејн. Токму Кејн е играчот кој Сити сакаше да го доведе пред почетокот на оваа сезона, а Гвардиола открива дека Тотенхем одбиле дури четири понуди за овој фудбалер.
„Се обидовме да го доведеме Кејн. Упативме дури четири понуди за да го купиме, но од Тотенхем јасно потенцираа дека нема да го продадат“, откри Гвардиола.
Сити порво понуди 100 милиони евра, потоа таа понуда растеше и до 150 милиони и 180 милиони евра, но од Тотенхем не сакаа да го продадат овој фудбалер доколку некој не плати 200 милиони евра.