36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Гвардиола мора да купува нов офанзивец поради тешката повреда на еден од напаѓачите

Англискиот првак Манчестер сити ќе тргне во одбрана на титулата без помошта на еден од најдобрите млади фудбалери, норвешкиот крилен напаѓач Оскар Боб. Тој заработи сериозна повреда поради која Пеп Гвардиола многу веројатно ќе мора итно да купува нов офанзивец.

Оскар Боб се здоби со скршеница на стапалото и веднаш замина на операција, а предвидувањата се дека ќе паузира до почетокот на 2025 година.

По ова, Пеп Гвардиола ќе мора да реагира на трансфер-пазарот затоа што од „Етихад“ си замина и Хулијан Алварес, кој направи трансфер во Атлетико Мадрид.

Според медиумите на Островот, Оскар Боб требаше да биде стартер во првото коло од Премиер лигата против Челзи откако го импресионирал менаџерот Пеп Гвардиола со своите игри на претсезонските тестови. Тој беше прогласен за најдобар играч во „Комјунити шилд“ минатиот викенд против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести