Гвардиола: Можат ли УЕФА и ФИФА да ја продолжат годината да трае 400 дена?

Суперлигата се распадна и сигурно ќе ја нема во новата сезона, но затоа УЕФА најави реформирана Лигата на шампиони од 2024 година. Бројот на клубови кои ќе бидат во главната фаза ќе се зголеми на 36, што значи дека ќе има и поголем број на мечеви што треба да се одиграат.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека тоа е лоша вест за сите клубови и фудбалери, затоа што постојано се зголемува бројот на натпревари.

„Секогаш е исто. Играчите и тренерите сакаат квалитет, а добиваат квантитет. Мораме да ги прашаме УЕФА и ФИФА да ни ја продолжат годината, можеби на 400 дена. Така би стигнале да ги одиграме сите натпревари. Ќе нѐ прашаат за мислење, ние ќе им кажеме и потоа ништо нема да се случи. Ако решат да има 10 меча плус, тогаш ќе има 10 меча повеќе“, вели Гвардиола.

Манчестер сити утре ќе има можност да освои уште еден трофеј под водство на Гвардиола. Граѓаните ќе играат во финалето на Лига купот против Тотенхем, а веќе в среда ќе играат во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони против Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести