Гвардиола може да си оди ако сака, Сити веќе му најде замена

Кога Пеп Гвардиола ја продолжи соработката со Манчестер сити минатата година, во договорот постави клаузула која му овозможува да си замине по крајот на оваа сезона доколку самиот сака. Иако договорот му важи до јуни 2021 година, Шпанецот е слободен да прави што сака доколку работата во Манчестер повеќе не му е предизвик, а клубот ќе мора да ја почитува неговата одлука.

Во својата четврта сезона на кормилото на Граѓаните, Гвардиола за првпат е во незавидна ситуација, односно неговиот тим е надвор од трката за шампионската титула. Сити заостанува 14 бода зад лидерот Ливерпул по првата половина од сезоната и се чини дека и самите се откажаа од одбрана на тронот.

Затоа управата на Сити си направи „план Б“ во случај Гвардиола да реши да си замине. Изборот за нов тренер им се допаѓа и на навивачите. Маурисио Покетино е фаворит да биде нов предводник на англискиот гигант.

Сега веќе ексменаџерот на Тотенхем е надвор од фудбалски активности и би можел да го чека крајот на сезоната за да се пушти во нов проект, каде што би остварувал успеси, а Манчестер е вистинско место да се почне нова авантура.

- Оглас -

Најнови вести