11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Гвардиола: Можеби претерав со промените во тимот

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека можеби направил премногу промени во составот при домашниот пораз од 0-2 од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Менаџерот на Граѓаните одлучи да промени десет играчи во споредба со тимот што загуби од Њукасл.

„Да, премногу промени“, изјави тој. „Како што секогаш сум велел, сезоната е долга, на секои два или три дена мора да бидеме активни, но можеби ова беше премногу, ако се земе предвид резултатот. Мислам дека играчите се трудеа да не прават грешки, наместо да играат онака како што треба. Не само со топката, туку и без неа не бевме доволно агресивни. Тие се навистина добар тим и ги честитам. Како и да е, ја преземам целата одговорност“, додаде Гвардиола.

„Сакам сите да учествуваат. Кога не играш три, четири, пет, шест, седум натпревари по ред, тоа е тешко, но можеби ова беше прекумерно“, дополни Шпанецот.

Гвардиола исто така нагласи дека напорната програма на Сити во продолжението била главната причина за неговата одлука.

„Сега ќе играме на секои три или четири дена до март и нема човек кој може да го издржи тоа. Игравме дома, во добра позиција сме во Лигата на шампионите. Но, не успеавме и мора да го прифатиме тоа“, заврши Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести