Гвардиола му честиташе на Баерн и ги предизвика Баварците (Видео)

Баерн Минхен вчера стана само вториот тим во историјата на клупскиот фудбал кој во една сезона освоил титули во шест различни натпреварувања, прв тим кому му успеа тоа беше Барселона во 2009 година, а тогашната Барса беше предводена од Хосеп Гвардиола, некогашниот тренер на Баерн, актуелен на Манчестер сити.

Гвардиола преку видео им честиташе на Баварците за неверојатниот успех (Баерн е актуелен првак во Лигата на шампионите, на Светското клупско првенство, во Бундеслигата, европскиот Суперкуп, германскиот куп и германскиот суперкуп), а на колегата Ханси Флик на шега му даде предизвик и му порача да имаат еден дуел за „седма титула“ и да се види кој е најдобар тим во историјата.

„Ќе ги соберам Меси и останатите, па Ханси ако сакаш, да одиграме еден меч за седма титула. Кажи место и време, ќе дојдеме“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести