Манчестер сити се намачи и едвај со 3:2 славеше над Фулам во меч од седмото коло во Премиер лигата. Матео Ковачиќ со два гола и погодокот на Доку се хероите на тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Фулам имаше неколку шанси да даде и трет гол и да направи изненадување, но Граѓаните на крајот се спасија и освоија три бода во битката за првото место на табелата.
По завршување на мечот, впечатливо беше кога Гвардиола застана да му „држи лекции“ на Адама Траоре од Фулам. Подоцна шпанскиот стратег објасни за што се работи.
„Му реков дека одигра одлично. Го знам Адама од времето кога беше член на академијата на Барселона. Потоа замина во Мидлсборо и во Вулверхемптон. Тој е голема опасност за противничкиот гол. Наш најбрз играч е Вокер, а Траоре го претрча. Незадржлив е кога има широк простор. Тој е и прекрасна личност и не сум изненаден колку добар тим има Фулам и колку е тешко да се победи“, рече Гвардиола.
Pep Guardiola loves football so much that
after Traoré kept missing chances
he went over at full time to
coach the opponent player #pep #pepguardiola #football #futbol #soccer #coach #mancity #genius pic.twitter.com/lKcY6zKyW0— Robert Earnshaw (@RobertEarnshaw) October 5, 2024