11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Гвардиола му го урна рекордот на Фергусон и најави дека ќе ги покани на вечера него и Венгер

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше веста дека станал најбрзиот тренер во историјата на Премиер лигата што стигнал до 250 победи.

Граѓаните вчера го победија Брентфорд со 1-0 и тоа беше 349-ти натпревар во Премиер лигата за Гвардиола, со што го сруши рекордот на легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој до победата број 250 дојде по 404 свои натпревари во англиското првенство. Потоа следуваат Арсен Венгер (423 натпревари) и Дејвид Мојс (645).

„Чест ми е што сум со Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер. Ќе ги поканам на убава вечера. Одлично е да се биде дел од историјата на Премиер лигата. Сега сакам да победиме уште на 250 натпревари!“, порача Гвардиола, кој има и 50 нерешени и 49 порази покрај 250-те триумфи.

 

- Оглас -

Најнови вести