Гвардиола му се извини на фудбалерот кого го нарече дебел, а чија кариера потоа едноставно пропадна

Калвин Филипс до неодамна имаше кариера како што само може да се посака. Тој блесна на последното Европското првенство во дресот на Англија. Филип беше стартер и во финалето против Италија, а на крајот од сезоната 2020/21 беше прогласен за најдобар англиски репрезентативец.

Токму поради тоа беше купен од Манчестер сити, кој не жалеше пари и му плати 42 милиони евра на Лидс. Со тој трансфер Филипс стана најскапиот играч во историјата на Лидс.

Сепак, многу брзо потоа заврши сонот на Филипс. Пред Божиќ 2022 година тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, јавно го критикуваше Филипс дека се здебелил. Тоа психички го дотолчи Филипс, кој потоа не успеа да се врати во старата добра форма.

За една и пол година во Сити одигра само шест меча како стартер, а пред еден месец беше даден на позајмица во Вест хем.  Филипс очајно започна кај Чеканите, а Гвардиола беше запрашан дали се чувствува виновен поради падот на кариерата на овој играч. Тренерот веднаш се извини.

„Да, жал ми е. Еднаш во осум години згрешив и да, жал ми е. Му се извинувам, жал ми е“, рече Гвардиола, кој додаде дека пред јавно да го каже своето мислење за Филипс, тогаш прво лично имал разговор со фудбалерот.

 

- Оглас -

Најнови вести