Француските медиуми пренесуваат дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му се јавил на Нејмар и му поставил само едно прашање, а тоа е што планира да прави налето. Бразилецот налето може да го напушти ПСЖ иако има договор до летото 2025 година. Според информациите, Светците ќе се откажат од неговите услуги.
Нејмар во ПСЖ пристигна во 2017 година од Барселона за сè уште рекордни 222 милиони евра. Во моментов е повреден, а сезонава одигра 29 натпревари за ПСЖ.