Гвардиола му врати на поранешниот капитен на Јунајтед: Ние сме досадни, фала на комплиментите

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, на оригинален начин одговори на забелешките на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, по победата над Копенхаген во ЛШ од 3:1 дека Граѓаните биле досадни.

„Од нас зависи колку сме задоволни. Ако луѓето не го ценат тоа што го правиме, нема врска. Не е голем проблем, важно е ние да сме мирни поради нас, а не поради нечиви комплименти или поплаки. Што да кажам? Му благодарам на Невил на комплиментите. Ни се воодушевуваат, сигурен сум во тоа. Луѓето во светот на фудбалот знаат колку е тешко да се биде шест или седум години на врвот во сите натпреварувања. Ќе кажам уште нешто, изгледа дека е лесно, но не е. Противниците не респектираат, иако понекогаш за одредени луѓе не е доволнно тоа што го правиме“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести