Гвардиола: На крајот го добивме тоа што го заслуживме

Манчестер сити и Арсенал одиграа 2-2 на „Етихад“ во дербито од петтото коло на Премиер лигата. Домаќнот поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, но набргу потоа Родри се повреди и го напушти теренот во 21-вата минута.


Арсенал направи пресврт во првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел Магаљаеш. Во судиското продолжение од првото полувреме, Арсенал остана со десетмина играчи поради вториот жолт картон на Леандро Тросар.

Манчестер сити притискаше во второто полувреме, а Џон Стоунс постигна гол дури во 98-мата минута за да обезбеди реми (2-2).

По натпреварот, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим сепак го добил тоа што го заслужил – да не го загуби дербито.

„Не знам колку играчи на Арсенал имаа грчеви, но тоа е нормално во ваков интензивен натпревар. Ние постојано напаѓавме, но тешко беше да се постигне гол бидејќи пред шеснаестникот тие имаа играчи како Деклан Рајс, Вилијам Салиба, Габриел и Калафиори. На крајот го добивме тоа што го заслуживме“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести