Пеп Гвардиола е несомнено еден од најдобрите тренери на денешницата, ако не и најдобар, додека во историјата на Манчестер сити несомнено е на самиот врв.
Шпанецот, кој што има договор до летото 2023 година изјави дека сè уште не е сигурен што ќе биде со него понатаму и дали наредната сезона исто така ќе седи на клупата на англискиот првак.
„Овде ми е убаво и се чувствувам сигурно, но, за тоа што ќе биде понатаму ќе одлучам на крајот на сезоната.
Не сакам да размислувам на долги стази бидејќи мојата иднина е во зависност од резултатите. Во моментов се чувствувам полн со енергија а кога таквото чувство ќе се претвори во замор и нервоза, тогаш сам ќе си дадам отказ“ изјави Гвардиола.
Манчестер сити вечерва од 18:30 часот гостува кај Вулверхемптон.