Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, во летниот преоден рок планира да ангажира дефанзивец кој треба да го наследи капитенот Кајл Вокер.
Иако Вокер е еден од клучните играчи во машинеријата на Гвардиола, поради честите проблеми со повредите го натера менаџерот налето да бара замена за него.
Според англиските медиуми, мета број еден на Гвардиола кога станува збор за одбраната е дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.
Но, Гвардиола го очекува тешка битка за да дојде до потписот со Фримпонг бидејќи интерес за него пројавуваат екипи како Манчестер јунајтед, Ливерпул, Реал Мадрид и ПСЖ.