Гвардиола налето сака да купи дури пет фудбалски ѕвезди

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, планира во летниот преоден рок да направи големи промени во тимот и на „Етихад“ да донесе дури пет фудбалски ѕвезди.

Новиот шпански медиум „Релево“, кој е основан од поранешни уредници на влијателните весници „Марка“ и „Ас“, Гвардиола ќе бара од управата да му ангажира пет фудбалери.

Сепак, едно од посакуваните засилувања, сигурно е дека нема да се пресели во Премиер лигата, тоа е Камада од Ајнтрахт кој веќе потпиша за Борусија Дортмунд.

Останатите четворица играчи, во наредниот период би требало да добијат понуди од Сити.

Првиот е Рафаел Леао кој сезонава е најдобар играч на Милан, но ја одби понудата за потпис на нов договор со Росонерите. Актуелниот договор му истекува идната година, но Милан доколку сака да заработи нешто, ќе мора да го продаде во летниот преоден рок и Сити е фаворит за негов ангажман.

Останатите имиња кои се наоѓаат на списокот на Гвардиола се Џад Белингам од Борусија Дортмунд, Деклан Рајс од Вест Хем и Хрватот Јошко Гвардиол кој игра за Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести