Гвардиола направи нешто што досега не му успеало на ниту еден тренер

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, со триумфот во финалето на Лигата на шампионите, повторно испиша историја.

Тој стана првиот тренер што освоил тројна круна и тоа со два различни тима.
Со Манчестер сити по вечерашниот триумф над Интер, стана европски шампион, а претходно славеше и во Премиер лигата и во ФА Купот.

Истиот подвиг го направи и во сезоната 2008/09, и тоа со екипата на Барселона.
Тогаш со Барселона го совлада Манчестер јунајтед во финалето на ЛШ, а притоа и триумфира во Ла Лига и во шпанскиот Кралски куп.

https://twitter.com/Squawka/status/1667637692694249472?s=20

- Оглас -

Најнови вести