Гвардиола: Навивачите на Манчестер јунајтед треба да се засрамат

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги обвини навивачите на Манчестер јунајтед за недостаток на интегритет откако вчера за време на граското дерби фанови на „Олд Трафорд“ скандираа навреда кон мајката на напаѓачот на Сити, Фил Фоден.

„Тоа беше недостаток на класа, но не се работи за Манчестер јунајтед, туку за луѓето. Тоа е недостаток на интегритет, класа, треба да се срамат. Но, тоа се случува насекаде, би рекол, не само во Велика Британија, насекаде“, рече Гвардиола.

Шпанскиот тренер верува дека навивачите на Јунајтед ја преминале границата со тоа што ја таргетирале мајката на англискиот репрезентативец.

Фоден има серија од 13 меча по ред без постигнат гол, но Гвардиола застана во одбрана на својот играч.

„Се чини дека никој не е на она ниво на коешто беа. Секој ден на тренинзите ја гледам страста и насмевката на неговото лице и тоа е она што го сакам. Тој ќе се врати во форма“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести