Манчестер сити го декласира Ал-Аин со 6-0 во меч од Светското клупско првенство, но менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, не беше среќен со резултатот.
Причината за ова е што Сити има послаба гол-разлика од Јувентус, па во директниот дуел со Старата дама за првото место во групата ќе мора да победи, со реми или пораз, Јуве ќе биде прв. Тој што ќе биде втор во оваа група, во осминафиналето најверојатно ќе се сретне со Реал Мадрид, а тоа е ривал против кого Гвардиола не сака да игра.
„Се обидувавме да постигнеме уште еден гол и да бидеме први на табелата, но пропуштивме шанса, ни фалеше тој еден еден гол. Знаеме што треба да направиме против италијанскиот тим за да завршиме на првото место“, се пожали Гвардиола по натпреварот.