Гвардиола не би бил првак со Јунајтед, Мурињо со Сити, да

Поранешниот велшки фудбалер со големо премиерлигашко искуство, Роби Севиџ, изјави дека Жозе Мурињо не е највиновен за скромните резултати на Манчестер јунајтед сезонава, туку едноставно, со тие играчи што ги има на располагање, вади максимум.

Според Севиџ, разликата во квалитет помеѓу клубовите од Манчестер е голема, и оти кај „ѓаволите“ единствен поединец на својата позиција од врвна класа е голманот Давид Де Хеа, а останатите се просечни и солидни, но не во светскиот врв.

„Историјата кажува дека Мурињо е голем тренер. Тој со Јунајтед не може да направи резултати какви што има Сити, затоа што нема играчи за тоа. Ако тој ги има играчите на Манчестер сити, би бил првак во Англија, а Гвардиола не би бил шампион ако ги има играчите од Манчестер јунајтед. Потребно е да се купат фудбалери од светска класа, да се направи револуција во составот“ – смета Севиџ.

Севиџ порасна во младинските категории на Манчестер јунајтед, но немаше среќа со првиот тим, па кариерата како сениор ја мина во клубови како Бирмингем сити, Лестер и Дерби Каунти, но играјќи и за тие тимови, си направи име.

- Оглас -

Најнови вести