Гвардиола не е задоволен и после 5-0: Далеку сме од тоа што треба да бидеме

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не беше премногу еуфоричен и задоволен после триумфот на неговиот тим од 5-0 на гостувањето кај Вест Хем.

„Далеку сме од она што би сакал да го видам. Многу грешевме, губевме топки, не бевме агресивни. Вест Хем имаше шанси, една и при 2-0, ако ја искористеа, којзнае како ќе беше текот на мечот. Убаво е да се почне сезона со голема победа, но пред нас има многу работа“ – рече Гвардиола после мечот, чиј тим уште по првото полувреме го реши прашањето на победникот.

На средбата во Лондон, првпат во Премиерлигата беше поништен гол по реакција од ВАР собата.

„Ќе треба малку време за да се навикнат сите на ВАР технологијата. Тоа е добра работа, но паузата го менува ритамот на натпреварите“ – додаде Гвардиола, кој го пофали Рахим Стерлинг, кој дава гол на секој меч во последно време.

- Оглас -

Најнови вести