Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го потцени англискиот Лига куп со неколку свои реченици во изјавите по натпреварот кој Сити го загуби од Њукасл.
Гвардиола тврди дека целта на Сити не било освојување на четирите трофеи (Лига на шампиони, Премиер лига, ФА куп и Лига куп) и дека уште позадоволни со биле со тројна круна, без Лига купот.
„Мислите дека цел ни беа четири пехари? Искрено, не. Би биле и повеќе од задоволни со тројна круна. Нашите очекувања се големи, но толку големи за да не бидеме задоволни со три трофеи“, рече Гвардиола, кој синоќа против Чавките на терен извади комбиниран состав.
На клупата останаа Халанд, Рубен Дијаш, Вокер и други стартери.
„Во ова натпреварување секогаш им давам шанса на оние играчи кои не играат редовно, нема потреба толку рано да трошиме сили и енергија. Ако стигневме до полуфинале, би размислил да ги пуштам сите стартери. Пред нас се уште многу натпревари, а Вокер и Халанд веќе одиграа многу минути сезонава. Помислив да го ставам Халанд во последните 10-15 минути, но сепак решив да не го правам тоа“, додаде Гвардиола.