Гвардиола не го гледал финалето на Шпанија, ама затоа веднаш потоа ги нападна сонародниците

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, престојува во Барселона и одмора по успешната сезона со англискиот тим. Гвардиола го предводеше Сити до тројна титула, што е најуспешна сезона во историјата на клубот кој има повеќе од 130 години постоење.

Додека фудбалската репрезентација на Шпанија играше во финалето на Лигата на нациите, Гвардиола во Барселона го гледал вториот меч од финалната кошаркарска пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот гигант славеше минимално со 86:85 и поведе со 2:0 во победи. Пеп честиташе за победата во финалето над Хрватска (триумф на пенали), но имаше и забелешки.

„Немам што да кажам. Не го гледав мечот, бев на кошарка во Барселона. Ѝ честитам на селекцијата затоа што ваква победа е многу тешка. Но, ме мачи една работа. Не видов коментари за Луис Енрике, кој ја состави оваа репрезентација и ја предводеше до фајнлфорот“, изјави Гвардиола.

Тренерот на Сити сепак не ги следел добро сите изјави затоа што Жорди Алба и Алваро Мората му се заблагодарија и на поранешниот селектор на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести