Гвардиола не го сака, Барса не може да го плати, Кансело ќе оди во Саудиска Арабија

Португалскиот бек Жоао Кансело најверојатно наскоро ќе стане нов играч на саудискиот првак Ал-Хилал.

Кансело уште е играч на Манчестер сити, но не е во плановите на менаџерот Пеп Гвардиола. Минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона. Во Барса би сакале пак да го имаат во тимот, но немаат пари за да го платат.

Ал-Хилал го искористи моментот и испрати понуда (нето-плата од 15 милиони евра по сезона) на која чека одговор од Кансело. Сити веќе ги прифати условите (отштета од околу 25 милиони евра).

- Оглас -

Најнови вести