Гвардиола не му дозволи на Халанд да испише историја и да направи подвиг каков што досега никој не го направил во ЛШ

Манчестер сити само по 60 минути игра водеше со 6:0 во реванш-натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Лајпциг.

Дури пет од шесте гола ги постигна неверојатниот Норвежанец Ерлинг Халанд, кој стана само третиот фудбалер кој дал пет гола на еден натпревар во ЛШ. Можноста Халанд да испише историја ја скрати менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој го извади од игра Норвежанецот во 63-тата минута и на негово место во игра го внесе Хулијан Алварес.

Пред него, тоа им успеало само на двајца фудбалери, Лионел Меси и Луис Адријано.
Меси постигна пет гола во 2012 година во победата на Барселона од 7:1 над Баер Леверкузен, кој исто така беше дел од нокаут-фазата.

Луис Адријано даде пет гола за Шахтар Донецк во 2014 година, кога украинскиот тим славеше со 7:0 над Бате Борисов во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести