Манчестер сити во шампионски стил ја почна новата сезона откако со 2:0 победи на „Стемфорд бриџ“ против Челзи. Со овој триумф Граѓаните ја продолжија одличната низа кога се работи за дуели против Челзи и сега имаат 10 победи и едно реми во последните 11 меѓусебни пресметки.
Иако Сити е доминантен во пресметките со Челзи, тренерот на шампионот, Пеп Гвардиола, рече дека е изненаден што неговиот тим победил на стартот од сезоната.
„Не очекував ваква разврска на мечот. Далеку сме од нашата најдобра форма, па овие три бода се одлична вест за нас. Лошото е што ни остануваат уште 65 меча до крајот на сезоната. Предност за нас е тоа што добро се познаваме. Играчите се заедно веќе долго време. Секако дека има работи кои треба уште да се подобруваат, но по говорот на телото се гледа дека сме шампионска екипа. Големите екипи се познаваат и во тешки моменти“, рече Гвардиола.